Ханси Флик прогласен за тренер на месецот во Ла Лига

фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Стратегот на фудбалскиот клуб Барселона, Ханси Флик е прогласен за најдобар тренер на шпанската Ла Лига во август, објавено е на официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Барса во моментов е на првото место на табелата во најсилното шпанско првенство со 12 бодови од четири натпревари.

Каталонскиот клуб ги забележа сите четири победи во август во шпанското првенство против Валенсија (2:1), Атлетик Билбао (2:1), Раџа Ваљекано (2:1) и Ваљадолид (7:0).

Потсетување дека Флик ја презеде Барселона на крајот од минатата натпреварувачка сезона.

Германецот беше награден за тренер на месецот во Ла Лига пред шефот на стручниот штаб на Виљареал, Марселино Гарсија Торал и Луис Гарсија Плаза од Алавес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот