Ханси Флик има најголема плата од сите селектори што ќе настапат на Мундијалот во Катар

Селекторот на Германија, Ханси Флик/фото: EPA-EFE/ALEXANDER HASSENSTEIN

Селекторот на Германија, Ханси Флик има најголема плата од сите селектори што ќе ги предводат своите репрезентации на Светското првенство во Катар кое ќе се игра од 21 ноември со 18 декември.

Платата на Флик, кој минатата година го наследи Јоаким Лев на клупата на „панцирите“, изнесува 6,5 милиони евра годишно.

Веднаш зад Флик според примањата е селекторот на Англија, Герет Саутгејт со 5,8 милиони евра годишно. Селекторот кој со Франција триумфира на СП 2018 година и ќе ги предводи „триколорите“ во Катар, Дидие Дешан има плата од 3,8 милиони евра.

Селекторот на еден од фаворитите за титулата во Катар, Луис Енрике од Шпанската фудбалска федерација добија само 1,15 милиони евра годишно и е на 16 место според платите на селекторите.

Поголема плата од Енрике добиваат Мурат Јакин (Швајцарија), Паоло Бенто (Јужна Кореја), Греем Арнолд (Австралија), Грег Бералтер (САД) и Роберто Мартинез (Белгија), данскиот селектор Каспер Хјулманд има идентична плата. Причината зошто Енрике не заработува повеќе и бидејќи неодамна се согласи на намалување на платата за 25 отсто.

Селекторот на Јапонија, Хаџиме Моријасу, го затвора клубот на „милионерите“ со 1.05 милион евра годишно. Прв „под линијата“ е селекторот на Мароко, Вахид Халилхоџиќ кој заработува 920.000 евра годишно. Селекторот на Хрватска која е светски вицешампион, Златко Далиќ, има о годишна плата од 550 илјади евра.

Поголема плата од Далиќ има селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси кој заработува 650.000 евра годишно.

Најмала плата има селекторот на Тунис, Залел Кадри, само 130.000 евра годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот