Ханкок: Ширењето на јужноафриканскиот вид на коронавирус мора да се запре со масовни тестирања

Фото: Епа

Министерот за здравство на Велика Британија Мет Ханкок, денеска истакна дека ширењето на коронавирусот од Јужна Африка мора да се запре со спроведување на масовни тестирања во областите каде е откриен новиот вид, а случаите не се поврзани со патувања во странство на заразените.

– Немаме докази дека новиот вид предизвикува потешка клиничка слика. Но, ние мора да го запреме ширењето на вирусот и ќе го сториме тоа, рече Хенкок.

Шефицата на Националната служба за јавно здравје, Сузан Хопкинс, изрази очекување дека сите вакцини ќе обезбедат ефикасна заштита од овој вид коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот