Хандке прогласен за „персона нон грата“ во Кантонот Сараево

Фото: Принтскрин

Добитникот на овогодинешната Нобелова награда за книжевност Петер Хандке денес е прогласен за „персона нон грата“ во Кантонот Сараево.

Оваа одлука, која ја иницирале пратениците на Партијата за демократска акција (СДА), едногласно на денешната седница ја донесе Собранието на Кантонот Сараево.

Во декларацијата за одлуката се осудува доделувањето на Ноблеова награда, како што е наведено, „на човек кој го негира геноцидот во Сребреница“.

Наведено е дека „завршната фаза на геноцидот всушност е неговото негирање“, и се констатира дека „добитникот на Нобеловата награда за книжевност со неговите јавни настапи за време на агресијата на БиХ јавно го поддржувал големосрпскиот режим, на чело со воениот злосторник Слободан Милошевиќ“.

Во декларацијата пишува дека Хандке „ни денес не ги менува своите ставови, туку оди чекор понатаму, па најавува доаѓање во нашата земја (БИХ) и посета на мајките од Кравица и околината на Сребреница“.

Пратениците во Собранието на Кантонот Сараево доделувањето на Нобеловата награда на Хандке го оценија како „нова навреда на жртвите“, со оценката дека неговата посета во БиХ и Сараево би предизвикала „дополнително понижување на жртвите на големосрпската агресија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот