Хан: Тешко е да се мотивираат Косово и Србија да се вратат на преговарачка маса

фото:ЕPA EFE/STEPHANIE LECOCQ

Европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, рече дека се одложени напорите за деблокирање на дијалогот помеѓу Белград и Приштина за почетокот на јули, додавајќи дека е тешко да се мотивираат лидерите на двете страни да се вратат на преговарачката маса, пренесува Телеграфи.

– Ова не е лесна задача и бара многу политичка храброст за да се работи на еден компромис. Треба да се знае кои се позитивните последици и позитивните последици може да бидат европска перспектива  –  рече Хан на прес-конференцијата во Луксембург.

Хан објасни дека поради фокусирањето на ситуацијата во Молдавија, ги одложил нивните напори за деблокирање на дијалогот за почетокот на јули.

– Но, јас сум сигурен дека нема да се откажам од ова прашање  – рече тој.

Зборувајќи за важноста на Преспанскиот договор меѓу Атина и Скопје, Хан рече дека неговото постигнување покажува дека замрзнатите конфликти може да се решат, доколку постои европска перспектива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот