Хан: Станувам фосил во ЕУ

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Сега навистина станувам фосил во ЕУ, да бидеш номиниран по третпат е нешто невообичаено, досега имало само три вакви номинации, рече еврокомесарот Јоханес Хан на денешната прес-конференција одговарајќи на честитката на премиерот Зоран Заев за тоа што Австрија повторно го номинира за комесарска позиција.

– Номиниран сум едногласно во австрискиот парламент и тоа е признание за она што е постигнато досега, а дел од тоа е и она што е постигнато во Северна Македонија во последниве години. Со мојот тим тука поминавме многу денови и ноќи со цел да постигнеме напредок и да ја вратиме земјата на евроатланските перспективи – рече Хан.

Заев истакна дека за Хан без резерва може да каже дека е наш сопатник и поддржувач на патот за членство во ЕУ.

-Јавно сакам да му честитам за неговата номинација.Тој е значаен бидејќи даде голем придонес за да се случат позитивни промени во нашата земја. Очекуваме ова пријателство да продолжи во иднина. Без разлика кој сектор тој ќе го води и во иднина ќе остане наш линк – рече Заев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот