Хан следната недела ќе дојде во Скопје каде ќе има средби со власта и опозицијата

фото: EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан следната недела ќе дојде во Скопје, каде ќе се сретне со претставници на властите и на опозицијата. Потоа тој ќе отпатува во Белград на 25 и 26 јули, каде со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ ќе разговараат за реформските процеси во Србија и за регионални прашања.

– Комесарот Хан во Белград ќе се состане со претседателот и премиерката на Србија, со кои ќе разговара околу реформите кои ги спроведува Србија на патот кон ЕУ, како и за регионалните прашања – изјави портпаролот на ЕУ за Танјуг.

Минатиот месец, по повод отворањето на ново поглавје во преговорите за пристапување, Хан ја повика Србија да го забрза процесот на реформи и со поголема решителност да работи на владеењето на правото, фундаменталните права и демократското управување.

Комесарот Хан, кој веќе се вклучи во деблокирањето на дијалогот Белград-Приштина, најави дека во јули ќе се обиде повторно да ги мотивира лидерите на двете страни да се вратат на преговарачка маса.

– Тоа не е лесна задача и потребна е политичка храброст да се работи на компромисот. Треба да знаеме кои се позитивните последици, а позитивните последици може да бидат европската перспектива – изјави Хан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот