Хан: Северна Македонија може да ги претрка Србија и Црна Гора на патот кон ЕУ!

фото:ЕPA EFE/STEPHANIE LECOCQ

Еврокомесарот Хан на прашањето која балканска земја прва ќе и се придужи на унијата вели „ Србија и Црна Гора се засега најнапред затоа што со нив ги почнавме преговорите. Но постои голема можност Северна Македонија да ги стигне затоа што е единствената која нема отворен спор со соседите. Тоа нам ни е важно зашто не сакаме да увезуваме конфликти“.

Освен тоа во Северна Македонија постои и политичка стабилност затоа што опозицијата е подготвена за дијалог во Собранието.

„Во споредба со другите замји во регионот таму опозицијата се однесува како права опозиција, конструктивна е и учествува во работата на Собранието како и во политичкиот живот. Исто така и претседателските избори покажаа дека е можно заеднички да се напредува.“

Според Хан тој напредок вродил со плод за што и претстои прием во НАТО наредната година. Тоа е важен чекор според Хан но уште поважна е европската перспектива на земјата, вели тој.

Хан изразил надеж дека ќе ги увери скептичните членки на Унијата да ги отворат пристапните преговори со Скопје што поскоро и дека тоа ќе се случи пред летото и дека поглавјата ќе се отворат до крајот на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот