Хан: Преспанскиот договор е нешто што треба да биде вклучено во книгите по историја

фото: EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Македонија и Албанија заслужуваат отворање на преговорите за членство во ЕУ, вели во интервју за црногорскиот весник „Вијести“ еврокомесарот Јоханес Хан, кој наскоро го напушта ресорот проширување и добрососедска политика во ЕК.

Земјава, смета Хан, направила значителен напредок, а најзначајно според него е потпишувањето на Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција.

„Преспанскиот договор со кој беше ставен крај на долгогодишниот спор за името е нешто што треба да биде вклучено во книгите по историја. Кога ја презедов фунцијата државата беше сред политичка криза чие решавање бараше години и бројни патувања во Скопје. Почнавме со изјава дека нема да има проширување на ЕУ, а сега пет години подоцна оставаме реален и жив европски пат за Западен Балкан, вели еврокомесарот Хан во интервјуто.

Јоханес Хан ќе остане еврокомесар и во новиот состав на ЕК, но ќе биде задолжен за буџет и администрација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот