Хан повика итно да биде формирана влада во Босна

фото:ЕPA EFE/STEPHANIE LECOCQ

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан во изјавата дадена денеска нагалсува дека формирањето влада во БиХ е неопходно за процесот на европска интеграција на земјата. Тој го повика Претседателството на БиХ да го охрабри политичкото раководство на земјата да го спроведе договорот од 5 август.

„Очекувам тие да ја исполнат својата одговорност и да го продолжат дијалогот со цел да го назначат Советот на министри без дополнително одложување, речиси една година по изборите”, напиша Хан во изјавата.

Тој додаде дека тоа треба да се спроведе врз основа на мислењето на Европската комисија за апликацијата на БиХ за членство во ЕУ.

„Не постои веродостојна алтернатива на европската перспектива на Босна и Херцеговина. Сегашната блокада ги поткопува легитимните очекувања на граѓаните на БиХ за просперитетна иднина во сопствената земја”, заклучи Хан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот