Хан: Поминавте тежок пат, ние како Европејци треба да ги признаеме овие напори

фото:ЕPA EFE/STEPHANIE LECOCQ

Еврокомесарот Јоханес Хан, на денешната пресконференција со премиерот Зоран Заев во Брисел, истакна дека Македонија поминала тежок пат кога е евроинтеграцијата во прашање.

Хан истакна дека луѓето во Македонија заслужуваат подобар живот и да не мора да ја напуштаат земјата во потрага по подобар живот.

„Ние како Европејци треба да ги признаеме сите овие напори. Се работи за јасен сигнал за заложба за европските перспективи на земјите како Северна Македонија и Албанија. Ова се очекува после сите мерки кои се преземени од двете земји. Има многу говори дека Европа треба да има улога на светско ниво, но ако не може тоа да го направиме во нашиот двор ќе изгубиме кредибилитет тоа да го правиме надвор. Можам да побарам од нашите лидери да дадат зелено светло за процесот и се согласуваме со премиерот дека треба да работите на понатамошно брифирање на нашите методологии.“ – истакна Хан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот