Хан: Ова не е момент за слава на ЕУ, одлуката може да го дестабилизира Западен Балкан

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Во серија на објави на Твитер, европскиот комесар Јоханес Хан напиша дека лидерите на Европската Унија не успеале да ги исполнат своите ветувања за Северна Македонија и Албанија.

– Ова е екстремно разочарувачки. ЕУ сега треба да разјасни колкава е нивната сериозност за интегрирање на Западен Балкан во Унијата – стои во еден од серијата на твитовите на Хан.

Еврокомесарот се заблагодари на сите оние кои синоќа се вложиле при донесувањето на важната стратешка одлука за ЕУ и сите кои се бореле за испраќање на сигнал за надеж за жителите на Западен Балкан.

– Како што претходно реков во Луксембург: Ова не е момент за слава на ЕУ. Да се одбие прифаќање на докажан напредок ќе има негативни последици, вкучувајќи го и ризикот за дестабилизација на Западниот Балкан, со силно влијание врз ЕУ – констатира Хан.

Тој додаде дека нивна обврска сега е да застанат со земјите чии граѓани со право „до коска“ се разочарани и ќе продолжат да прават се што е во нивна можност да дадат поддршка. Европската интеграција на Западниот Балкан останува важна стратешка политика и во меѓусебен интерес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот