Хамнеи: Нема да преговараме зошто го користат тоа во пропагандни цели

Али Хамнеи / Фото: Архива на „Слободен печат“

Иран нема да преговара со САД бидејќи Америка тоа ќе го искористи во пропагандни цели, изјави денеска иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп претходно соопшти дека е подготвена да преговара со Иран „без никакви предуслови”, но оти ќе продолжи со кампањата на притисок врз Техеран.

Хамнеи во телевизиското обраќење по повод Курбан бајрам изјави дека Трамп би имал корист од преговорите и го обвини американсиот претседател дека сака „преговорите да ги искористи за пропаганда, како преговорите со Северна Кореја”.

Тој наведе дека САД сакаат Иран да се откаже од својата нуклеарна програма, одбранбените објекти и регионалните власти на преговарачката маса.

– Санкциите на САД се злосторство против Иран. Санкциите се очигледно против иранскиот владејачки систем, но, всушност се против иранскито народ, истакна ајатолахот Хамнеи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот