Хамнеи: Нападите се шлаканица за САД, но тоа не е доволно

„Корумпираното присуство на САД во регионот треба да заврши бидејќи тоа предизвика војна, поделби и уништување“, истакна Хамнеи.

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи изјави дека ракетниот напад врз базите со американски војници во Ирак е шлаканица за Америка, додавајќи оти „не е доволна воена акција“.

– Корумпираното присуство на САД во регионот треба да заврши бидејќи тоа предизвика војна, поделби и уништување – истакна Хамнеи.

Иран истрела повеќе од 22 балистички проектили врз две американски воени бази во Ирак, а иранската Револуционерна гарда презеде одговорност за напад истакнувајќи дека нападите се „одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани.

Пентагон потврди дека ракетите се лансирани од територијата на Иран при што се погодени базите Ал Асад и Ирбил, при што загинаа околу 80 американски војници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот