Хамилтон в недела се израмнува со рекордот на Шумахер!?

EPA-EFE/ANTONIN VINCENT

Луис Хамилтон в недела би можел да се израмни со легендарниот Михаел Шумахер по бројот на победи во Ф1. Германецот во својата кариера имаше 91 победа, а актуелниот светски шампион моментно има една помалку.

Британскиот Формула 1 возач и член на „Мерцедес“ смета дека трката во Сочи (Русија) за него ќе има исто значење како и секоја друга.

Британецот е исто така на чекор да се изедначи по бројот на освоени титули со легендарниот Германец, бидејќи има 55 бодови повеќе во генералниот пласман од Валтер Ботас. Луис вели дека зборувањето за рекордот на Шумахер не значи дека тој поинаку ќе размислува за трката во Русија.

– Очигледно за сите нас возачи има многу емоции околу тоа што го работиме, постои љубов, притисок и сè. Не знам зошто сум таков каков што сум и зошто не се фокусирам на бројките толку многу. Овој викенд за мене е ист како и секој друг. мојата страна да го одбијам Валтери и сите други и знам колку е тешко. Не размислувам за ништо друго навистина.

Тешко е да се победи, и доколку случајно го соборам рекордот, тоа ќе се случи затоа што не планирам да се повлечам, не можам да ви кажам како ќе се чувствувам или што ќе ми значи. Има поважни работи во светот. Секако дека е чест, но не значи ништо друго – рече Хамилтон пред Големата награда на Русија во Сочи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот