Хамилтон со рекорд во квалификациите со пол позиција

EPA-EFE/JULIAN SMITH

Доминацијата на возачите на Мерцедес продолжува и во квалификациите за трката за Големата награда на Франција. Актуелниот шампион, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата и во квалификациите на два пати го соборуваше рекордот на патеката. Новиот рекорд изнесува 1:28.448 минути.

Друштво на Хамилтон во првиот стартен ред ќе му прави неговиот клупски колега, Валтери Ботас. На третото место се пласиа Шарл Леклерк од Ферари, кој зад себе го остави Макс Ферстапен од Ред Бул.

Првиот возач на Ферари, Себастијан Фетел имаше лоши квалификации и на крајот заврши како седмопласиран, а место во првите десет обезбедија уште и Ландо Норис, Карлос Саинц, Даниел Рикиардо, Пјер Гасли и Антонио Џовинаци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот