Хамилтон со португалска шанса да биде рекордер во Формула 1!

Фото: EPA-EFE/Jose Sena Goulao/POOL

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон денеска ја освои пол позицијата пред Големата награда на Португалија, 12 трка оваа сезона во Формула 1 шампионатот.

Британецот на патеката „Алгарве“ ја запиша деветтата пол позиција оваа сезона, вкупно 97 во неговата кариера.

Имаше фантастичен круг во самиот финиш од саботните квалификации со време од 01:16.652 минута.

Шесткратниот светски шампион в недела, на првата трка во Португалија после 24 години, ќе има шанса да биде рекордер по бројот на триумфи. Моментно е израмнет со германската Ф1 легенда Михаел Шумахер со по 91 победа.

Како второпласиран в недела ќе стартува вториот пилот на Мерцедес, Валтери Ботас, а зад Финецот е членот на Ред Бул, Макс Ферстапен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот