Хамилтон се жали на проблеми со гумите - Слободен печат
ОстанатoСпорт

Хамилтон се жали на проблеми со гумите

Британецот и покрај тоа што не се искачи на подиумот е задоволен од своето издание.

Луис Хамилтон по освоеното петто место на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Австрија се пожали на проблеми со прегревање на гумите.

Британецот и покрај тоа што не се искачи на подиумот е задоволен од своето издание.

– Не мислам дека трката заврши за нас навистина лошо. Го освоив петтото место и го подобрив бодовното салдо. Имавме сериозни проблеми со прегревање на гумите. Колку што знам, Ферари и Ред бул го немаа тој проблем. Токму гумите се причината што ја немавме посакуваната брзина, изјави Хамилтон.

Победник во Австрија беше Макс Верстапен од Ред бул, додека Хамилтон останува лидер во Генералниот поредок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close