Хамилтон размилува за повлекување од Ф1

EPA-EFE/JULIAN SMITH

Возачот на Мерцедес и актуелен Формула 1 шампион, Луис Хамилтон откри дека се поинтензивно размислува да го напушти автомото спортот. Петкратниот Ф1 шампион има договор со Мерцедес до 2020 година и најави дека засега не планира да ја продолжува соработката со германскиот тим.

–  Тоа е нешто околу кое често разговарам со луѓето. Се натпреварувам од својата осма година и знам дека ќе ми биде тешко кога ќе се повлечам – вели Хамилтон.

Како негова идна дестинација по Формула 1, се споменува новото натпреварување во електрични автомобили (Формула Е). Хамилтон исто така напоменува дека сака да ги следи стапките на неговите колеги Фернандо Алонзо и Кими Раиконен кои се испробаа и надвор од Формула 1.

„Израснав заедно со Гери Пафет, тој е малку постар од мене и сега е во Формула Е. Тоа е иднината на автомото спортот. Којзнае можеби постои нова серија во автомото спортот во која би можел да ги покажам своите квалитети. Фернандо Алонзо е во Индикар, а Кими Раиконен возеше рели“, потенцира Британецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот