Хамилтон најдобар и во Франција – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Хамилтон најдобар и во Франција

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон славеше денеска во Формула 1 трката за Големата награда на Франција и ја зголеми предноста во генералниот пласман.

Актуелниот Ф1 шампион Хамилтон на патеката „Пол Рикар“ стартуваше од пол позицијата, доминираше од самиот почеток до крајот за шеста победа во сезоната, а 79. во неговата кариера.

Второто место го освои тимскиот колега од Мерцедес, Валтери Битас, а трет заврши возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Членот на Ред Бул, Макс Ферстапен дојде до четвртата позиција, а зад него е Себастијан Фетел на Ферари кој доби и додатен бод за најбрз круг на трката.

„Десетката“ ја комплетираа Сајнц, Рикардо, Раиконен, Хилкенберг и Норис. Наредната трка во шампионатот ќе се вози на 30 јуни за ГН Австрија.

Кај возачите води и натаму Хамилтон со 187 бодови, пред Ботас со 151, трет е Фетел (111), а му се доближи Ферстапен (100).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close