Хамилтон: Можев само да сонувам…  

epa08773010 The winner British Formula One driver Lewis Hamilton of Mercedes-AMG Petronas jumps from his car after the Formula One Grand Prix of Portugal at the Autodromo Internacional do Algarve near Portimao, Portugal, 25 October 2020. EPA-EFE/Jorge Guerrero / Pool

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон денеска на патеката во Алгарве, Португалија, испиша нови страници во историјата станувајќи возач со највеќе победи во историјата на Формула 1.

ИСТОРИЈА: Хамилтон го собори рекордот на Шумахер!

Хамилтон ја оствари 92. победа во кариерата и го надмина рекордот на легендарниот Михаел Шумахер.

Каква трка. Испишуваш нови страници во историјата. 92, Луис 92“, му зборуваше првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, на Хамилтон преку тимското радио.

Само можев да сонувам да дојдам до овој резултат и да бидам тука со вас. Немав кристална кугла кога одлучив да дојдам во Мерцедес и се што работевме беше да се трудиме секој ден да го искористиме тоа што можеме. Ќе ми биде потребно време сево ова малку да „легне“, но додека ја поминував целта сè уште со умот бев во трката. Сè уште не можам да пронајдам зборови со кои би ги опишал емоциите, можеби малку подоцна ќе можам и тоа да го објаснам – изјави Хамилтон по завршувањето на трката.

Видео на денот