Хамилтон може да се „прошета“, Шумахер имаше посилна конкуренција

фото: твитер

Поранешниот шеф на Бенетон и Рено ги спореди Луис Хамилтон и Михаел Шумахер кои на крајот од 2020 година би можеле да имаат идентичен број на Ф1 титули.

Своите први две титули шампион на светот Шумахер ги имаше во болидот на Бенетон, а шеф на таа екипа беше Италијанецот Флавио Бријаторе.

Поранешниот шеф на Бенетон и Рено ги спореди Луис Хамилтон и Михаел Шумахер кои на крајот од 2020 година би можеле да имаат идентичен број на титули во Формула 1 шампионатот.

Германецот Шуми после уште пет титули, по ред, ги освои со Ферари. Бријаторе кој токму на младиот Германец му даде шанса, вели дека Михаел и Луис Хамилтон (кој има шест титули), не можат да се споредат.

– Михаел се бореше со големи момци, како Сена. Морате да препознаете дека кога дојде Михаел, конкуренцијата беше посилна. Зборуваме за Најџел Менсел, Ајртон Сена. Сега има помалку конкуренција. Никој не го притиска Хамилтон и тој само може да се „прошета“ – рече Бријаторе додавајќи дека вистински тест за возачите кога тие се под притисок.

– Исто е за сите. Кога некој ќе му се приближеше на Шумахер, тој правеше грешки, Фернандо Алонсо исто. Сите прават грешки. Доколку вози како таксист и победува, тоа е така бидејќи е супер возач, тоа е фантастично. Хамилтон е една од двете ѕвезди во Формула 1, а покрај него е Ферсапапен.

Поминаа повеќе од шест години од тешката повреда на Шумахер при ужасен пад на скијање и поради која шест месеци беше во кома, неговото семејство се одлучи за целосна приватност и побара да не се даваат никакви официјални информации околу здравствената состојба на Германецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот