Хамилтон ќе се бори за Ф1 титулата и идната година

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Пилотот на Вилијамс, Џорџ Расел е уверен дека Луис Хамилтон ќе се бори за титулата во 2022 година и ќе може да победи во конкуренција на изедначени болиди.

– Сите со нетрпение ја очекуваме следната сезона. Тркачите сакаат болидот да стане поцврст, а најдобрите да победат. Навистина мислам дека Луис е најдобриот возач бидејќи јас бев во Мерцедес и знам како работи. Мошне често, најдобрите возачи завршуваат во најдобрите тимови.

Ако сите болиди беа исти, тој сепак ќе се бореше за титулата. Нема сомнение за тоа. Мислам дека дури и тој би бил среќен со поотворено првенство – изјави Расел.

Од 2022 година болидите ќе бидат конструирани според нови прописи со цел намалување на разликите на перформансите и обезбедување порамноправна борба на тимовите.

Хамилтон е актуелен шампион во Формула 1 и моментно е на првото место во генерален пласман со 195 поени, пред Макс Верстапен од Ред бул (187), Ландо Норис од Мекларен (113)… Одржани се 11 трки, а следна на програмата е ГН на Белгија (29 август).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот