Хамилтон ќе го бира вториот возач на Мерцедес

Петкратниот формула 1 шампион, Луис Хамилтон ќе ја има клучната улога во изборот на вториот возач во Мерцедес за наредната сезона.
Се поизгледно е дека Валтери Ботас ќе си замине од Мерцедес на крајот од сезоната бидејќи не ги исполни очекувањата, а како можни негови наследници се споменуваат возачите од академијата на Мерцедес кои се во Формула 1 шампионатот, Естебан Окон и Ландо Норис.

Шефот на тимот, Тото Волф изјави дека одлуката за кој ќе биде новиот колега на Хамилтон ќе биде донесена до крајот на сезоната, а во неа клучна улога се очекува да одигра и петкратниот шампион.

– Вакви одлуки се носат само за корист на тимот. Луис е долго време со нас и му покажавме листа на кандидати и го прашавме за мислење. Во медиумите најчесто се споменуваат две имиња, Ботас и Естебан Окон, а Хамилтон верува дека и двајцата заслужуваат да бидат дел од Мерцедес. Не сакам уште сега да го одредам датумот за конечната одлука, но можете да ја очекување во наредните неколку недели или месеци – изјави Волф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот