Хамилтон ќе донира половина милион долари за Австралија

фото/твитер

Шесткратниот Ф1 шампион финансиски ќе помогне на Австралија во која од септември минатата година беснеат пожари.

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон одлучи со 500.000 долари да помогне во борбата на сите кои се борат со пожарите во Австралија.

„Ми се крши срцето кога ја гледам штетата која пожарите и ја нанесуваат на луѓето и на животните. Во знак на поддршка на животинскиот свет, волонтерите кои се борат со последиците од пожарите и пожарникарите во руралните делови од Австралија, ќе уплатам 500.000 долари. Доколку сте во можност и доколку тоа сè уште не сте го сториле, помогнете и вие“, напиша Хамилтон на својот профил на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот