Хамилтон ја запиша 100 победа, Ферстапен од последното до второто место

Луис Хамилтон ја искористи грешката на Ландо Норис кој ја имаше пол позицијата/Сочи, Русија/26 септември 2021/Фото: EPA-EFE/Yuri Kochetkov / POOL

Возачот на „Мерцедес“, Луис Хамилтон славеше денеска на трката за Големата награда на Русија во Формула 1 шампионатот.

Британецот во Сочи (Русија) стигна до јубилејната 100 победа во својата кариера, на тој начин стана првиот возач во историјата кој стигна до триуфот број 100.

Ландо Норис кој ја имаше пол позицијата го држеше првото место во поголемиот дел од трката, но една погрешна одлука при промена на временските услови во Сочи го чинеше победа и го отвори патот за Хамилтон да стане првиот возач со трицифрен број на Ф1 победи.

Второто место го освои Макс Ферстапен (+53,271) од „Ред Бул Рејсинг“, кој стартуваше од последната позиција, а трет беше возачот на „Ферари“, Карлос Саинц.

Даниел Рикардо беше четврти, Валтери Ботас петти, а Фернандо Алонсо шести. Норис заврши на седмото место, кој, како што се испостави, ги потцени временските услови, со надеж дека неколку капки дожд нема да се претворат во неуспех на патеката.

Водечки во генералниот пласман е Хамилтон со 246,5 поени, следен од Ферстапен кој има 244,5. Трет е уште еден возач на „Мерцедес“, Ботас со 151, додека Норис е на четвртото место (139).

Следната трка ќе се вози во Истанбул (Турција) на 10 октомври 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот