Хамилтон ја откри тајната на успехот на Мерцедес

Петкратниот шампион во Формула 1 шампионатот, Луис Хамилтон сезонава триумфира на осум трки од досега одржаните 12, и е лидер во генералниот пласман со 250 бодови, дури 62 повеќе од клупскиот колега Валтери Ботас. Според Британецот, тајната на успехот ја гледа во тоа што во Мерцедес никогаш не се задоволни.

– Она што е одлично во овој тим е тоа што мислам дека никогаш нема да бидеме задоволни. Дури и ако понекогаш сме надминати од конкурентите, секогаш доаѓаме со истиот менталитет. Имавме многу успехи, но сите во тимот работат многу напорно и никој не мисли дека е подобар од останатите. Сите си помагаме едни на други доколку паднеме – вели Хамилтон.

Покрај осумте победи на Хамилтон, клупскиот колега Валтери Ботас триумфира на уште две трки, а на конкурентите досега им препуштија само две победи. Во генералниот пласман кај конструкторите Мерцедес е убедливо прв со 438 бодови, дури 150 повеќе од второпласираниот Ферари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот