Хамилтон и Валентино Роси ќе ги заменат улогите!

twitter.com/DExpress_Sport

Врската меѓу Формула 1 и МотоГП шампионатот не се само во истите патеки на кои се возат трките. Возачите често меѓусебно ги посетуваат трките, а обично спонзорите се тие кои ги поврзуваат натпреварувачите.

Така, неодамна Луис Хамилтон беше во посета на Петронас Јамаха најмногу поради тоа што малезиската нафтена компанија е и спонзор на Мерцедес, но е познато дека Британецот е добар пријател и навивач на Валентино Роси.

Италијанецот откри дека постојат планови тој и Хамилтон конечно да ги заменат улогите.

– Да, се обидуваме да направиме трампа со Хамилтон, ќе биде тоа фантастично. Тој ќе ја проба мојата Јамаха М1, а јас ќе седнам во Мерцедес. Се надевам дека тоа ќе се случи, би било навистина супер. Да се вози болид на Формула е секогаш одлично – рече Роси во Јапонија.

Овој настан сигурно ќе се случи во текот на зимата, кога ќе завршат сезоните во Мото ГП и првенството на Формула 1, а се најавува сето ова ќе се организира во Абу Даби (ОАЕ) после завршницата на Ф1.

Тогаш Хамилтон ќе биде таму поради тестирање, додека и Роси ќе биде во посета на Обединетите Арапски Емирати поради трката на спортски автомобили која се одржува кон средината на декември.

Роси инаку во 2008. возеше болид на Ферари во Шпанија, додека Хамилтон сеуште немал можност да седне на МотоГП мотоцикл иако има голема желба и приватно вози мотор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот