Хамилтон до 90 пол позиција во Ф1 кариерата

фото: твитер

Луис Хамилтон на Мерцедес беше најбрз на денешните квалификации на Хунгароринг, што е негова 90 пол позиција во кариерата.

За актуелниот светски шампион во Формула 1 ова е вкупно седма пол позиција во Унгарија со најдобро време од 1:13.447 мин. и така го надмина рекордот на патеката.

Како втор ќе стартува неговиот клупски колега, Валтери Ботас (+0.107), а на третата позиција е големото изненадување, Ленс Строл од Рејсинг Поинт.

Редоследно од четвртото до 10 место следуваат Перез, Фетел, Леклер, Ферстапен, Норис, Сајнц и Гасли.

Главната трка за Големата награда на Унгарија ќе се вози в недела од 15.10 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот