Хамилтон: Чувствував дека не сум добредојден во Формула 1

Луис Хамилтон е седумкратен Формула 1 шампион/фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон има седум шампионски титули во Формула 1 и се смета за еден од најдобрите возачи во историја, но Британецот признава дека неговиот пат кон врвот бил многу тежок.

Тој вели дека чувствувал дека на почетоците на неговата кариера во Ф1 не бил добредојден.

– Кога пристигнав во Формула 1, не чувствував дека сум добредојден. Чувствував дека не бев прифатен и Бог знае што зборувале возачите за мене. Зборуваа дека возач во Формула 1 не може да биде таков, дека не може да се однесува така, да има тетоважи – открива Хамилтон за „Венити фер“.

Хамилтон вели дека и денеска, 15 години од дебитантскиот настап во Формула 1, не ги сака правилата воведени од Ф1, туку сака да си носи сопствени одлуки. Иако сега е ѕвезда и е еден од најпопуларните спортисти на светот, не го заборава тешкото детство.

– Бев едно од ретките црни деца во училиште, никогаш не ми дадоа можност да напредувам – вели Хамилтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот