Хамес Родригез ќе му биде соиграч на Елмас?

twitter.com/Letzwatch10k

Родригез на крајот од минатата сезона се врати од позајмицата помината во редовите на Баерн Минхен, имаше учинок од 28 натпревари и седум голови.

Иако започна да тренира изминатиот период, шпанските медиуми велат дека тренерот Зинедин Зидан нема да смета на неговите услуги во новата сезона.

Реал досега ги одбиваше сите понуди на „наполитанците“, а тие имаат желба да го доведат Колумбиецот на позајмица со можност да го откупат на крајот од сезоната 2019/20.

За Родригез е заинтересиран и клуб од француската „Лига 1“, станува збор за тимот на Марсеј. Но, има и опција да „остане“ во Реал, постојат шанси да се врати во составот после повредата на Марко Асенсио.

Наполи и претседателот Аурелио де Лаурентис му дадоа рок на „кралскиот“ клуб до 15 август да одлучи дали ќе го пушти Хамес. Де Лаурентис воедно потврди и дека се следи ситуацијата со Лозано и Икарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот