Хаменеи: Бајден или Трамп? Сѐ тоа ми е исто

Али Хамнеи / Фото: Архива на „Слободен печат“

Џо Бајден или Доналд Трамп, сето тоа е исто, смета иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хаменеи. Тој ова го изјави денес во говор во кој се изјасни дека не е подготвен на скорешно продолжување на преговорите за иранската нуклеарна програма.

-Сегашнава влада на Бајден не се различува од претходната на Трамп оти од Иран го бара истото кога станува збор за нуклеарната програма, рече Хаменеи.

Тој вели дека и Бајден и Трамп го мислат истото само го кажуваат на поинаков начин.

Инаку, целта на преговорите е обид да се спаси иранскиот меѓународен нуклеарен договор од 2015 година кој пред три години беше отфрлен од Трамп.

Ајатолахот овој говор денес го одржа по средбата со Бајден и израелскиот премиер Нефтали Бенет, кој е жесток критичар на договорот со Иран исто како и неговиот претходник Бенјамин Нетанјаху.

Видео на денот