Хамас во заложништво држи 239 луѓе од 26 држави, Бајден верува дека наскоро ќе бидат ослободени

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска нагласи дека верува оти набрзо ќе биде постигнат договор за ослободување на заложниците што ги држи Хамас во Појасот Газа.

Хамас држи од 200 до 250 израелски заложници во Појасот Газа, кои беа заробени на 7 октомври кога исламистичката група го нападна Израел.

Се претпоставува дека Хамас во заложништво држи 239 лица од 26 различни држави.

Хамас тврди дека околу 30 заложници биле убиени при израелското бомбардирање врз Појасот Газа.

Бајден, на годишниот настан во Белата куќа за помилување на мисирка по повод Денот на благодарноста, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека очекува договорот да резултира со ослободување на некои заложници.

„Вашингтон пост“ на 18 ноември објави дека Израел, САД и Хамас се согласиле на пробен договор, со кој ќе се ослободат десетици заложници во замена за привремено примирје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот