Хамас се заканува: Израелската анексија на Западниот Брег е објавување војна

Припадници на Хамас/ Фото: Слободен печат/ Архива

Палестинците планираат целиот Западен Брег да биде главен дел на нивната идна независна држава, која ќе го опфати и Појасот Газа, а главен град ќе биде Ерусалим.

 Военото крило на палестинското движење Хамас денеска предупреди дека планот на Израел за анексија на делови од Западниот Брег ќе се смета за „објавување војна” на Палестинците, а земјата „ќе зажали” поради тоа.

Портпаролот на Хамас, Абу Обеида нагласи во соопштението дека израелскиот план претставува „најголем грабеж на палестинска земја во последните децении”. Тој додаде дека „проектот на отпорот е да ја отстрани окупацијата врз историска Палестина”, нарекувајќи го планот „злосторнички”.

Заканата на Обеида доаѓа два дена откако Хамас најави дека може да ги обнови нападите врз Израел како одговор на планот за анексија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека на 1 јули ќе го претстави планот за анексија на долината на реката Јордан и сите еврејски населби на окупираниот Западен Брег, околу 30 отсто од територијата која ја освои израелската војска во војната во 1967 година.

Палестинците планираат целиот Западен Брег да биде главен дел на нивната идна независна држава, која ќе го опфати и Појасот Газа, а главен град ќе биде Ерусалим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот