Хамас погуби петмина Палестинци за соработка со Израелците и сторени кривични дела

Припадници на Хамас/ Фото: Слободен печат/ Архива

Вооруженото исламистичко движење Хамас утринава соопшти дека погубило петмина Палестинци, од кои двајца поради „соработка” со Израел.

„Утринава беше извршена смртна казна врз две лица осудени за соработка со окупаторските сили (Израел) и уште тројца за сторени кривични дела”, се наведува во соопштението на Хамас.

Движењето додава дека осудените „претходно се стекнале со целосно право да се бранат пред локалните судови”.

Движењето Хамас е на власт во Појасот Газа последните десетина години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот