Хамас не се согласува со одложување на палестинските избори

Припадници на Хамас/ Фото: Слободен печат/ Архива

Палестинската милитантна група Хамас, која го контролира Појасот Газа, ја отфрли идејата за одложување на палестинските избори пред денешниот состанок на раководството на фракцијата, на која се очекува партијата Фатах на претседателот Махмуд Абас, да се залага за одложување.

Како причина, Фатах го наведува спорот со Израел околу дозволата за гласање во источен Ерусалим. Се очекува Хамас да има добар резултат на парламентарните избори закажани за 22 мај, поради зголемените поделби во Фатах.

Повикувајќи се на чувствителното прашање за гласање во источен Ерусалим, може да му даде изговор на Абас да ги откаже изборите, први избори на Палестинците во последните 15 години.

Израел не се изјасни дали ќе дозволи гласање во источен Ерусалим, но изрази загриженост за растечката моќ на Хамас. Израел и западните земји го сметаат Хамас за терористичка група и веројатно би ја бојкотирале секоја палестинска Влада во која би бил вклучен Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот