Хамас го одби мировниот план на Белата куќа

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија изјави дека оваа група, која е на власт во Појасот Газа, ја поддржува „ цврстата позиција” на Абас и го отфрла мировниот план на Белата куќа.

Палестинското движење Хамас денеска го поддржа палестинскиот претседател Махмуд Абас и неговата одлука да го одбие планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток.

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија изјави дека оваа група, која е на власт во Појасот Газа, ја поддржува „ цврстата позиција” на Абас и го отфрла мировниот план на Белата куќа.

Ханија ги повика сите палестински фракции да ги остават настрана своите несогласувања и да се обединат против планот на Трамп, јавија американските медиуми.

Абас најави итен состанок на Западниот брег, по објавувањето на планот на Трамп, на кој се повикани и претставниците на Хамас.

Планот на Трамп за Блискиот Исток повикува на создавање палестинска држава со престолнина во Источен Ерусалим, но од Палестинците се бара да ги прифатат условите кои претходно не беа подготвени да ги разгледаат, како што се еврејските населби на Западниот брег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот