Хамас бара донации во биткоини

Припадници на Хамас/ Фото: Слободен печат/ Архива

Палестинското движење Хамас повика на финансиски донации за палестинскиот отпор во дигиталната валута биткоин.

Апелот доаѓа во време на зголемени тензии низ палестинските територии откако израелската полиција изврши напади врз верниците во Ал Акса минатата недела. Израелските напади предизвикаа ракетни напади од Појасот Газа и Либан, а Израел возврати со воздушни и артилериски напади.

– Сега е можно директно да се поддржи палестинскиот отпор преку Биткоин, се вели во соопштението на бригадата Касам, вооруженото крило на Хамас.

Ова не е прв пат бригадата Касам да повика на финансиски донации во биткоини.

Слични повици беа упатени во 2019 и 2021 година.

За разлика од традиционалната валута, биткоинот и другите виртуелни валути немаат сериски број и не се предмет на контрола на владите и централните банки. Трансферот се врши само онлајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот