„Халкбанк“ од први април пензиите ќе ги исплаќа секој први во месецот

„Халкбанк“ АД Скопје ги известува сите свои клиенти, приматели на пензија преку „Халкбанк“, дека исплатата на пензиите отсега ќе се врши секој први во месецот на нивната денарска сметка во банката.

Доколку предвидениот ден е викенд тогаш исплатата се поместува за следниот работен ден.

Оваа новина е валидна почнувајќи од 1 април и со неа всушност се гарантира редовна исплата на пензијата на првиот работен ден во месецот за сите пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а се клиенти на „Халкбанк“.

Дополнителен бенефит за примателите на пензија преку „Халкбанк“ е и уникатниот пензионерски пакет кој вклучува дебитна картичка за подигнување на средствата од сите банкомати од сите банки во земјата без трошоци, можност за користење на дозволено пречекорување на трансакциската сметка и лимит на картичка до две пензии, можност за плаќање на сметките за комуналии (вода, струја, парно итн.) без провизија, како и можност за потрошувачки кредит со рок на отплата до навршување на 75 години на носителот на кредитот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот