Халк банка АД Скопје ќе го врши платниот промет за граѓаните

Скопје, 13 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ на денешната седница ја прифати конечната понуда на Халк банка АД Скопје како најповолна, согласно усвоените критериуми за евалуација на понудата. Засега не се откриваат условите кои Халк банка АД Скопје ќе го врши платниот промет.

Рокот за имплементација на проектот е два месеца се до техничкиот прием на Пошта, т.е имплементација на постојниот систем кој и досега беше во употреба.

Упрвниот одбор на Пошта на С. Македонија по добивањето на согласност од Надзорниот одбор и предлага на Владата во својство на Собрание на  Друштвото да даде согласност за склучување на договор за соработка помеѓу АД „Пошта на С. Македонија и Халк Банка АД Скопје.

До 12 август, до кога и беше одземена дозволата за работа, платниот промет во над 300 поштенски филијали во земјава, го вршеше „Еуростандард банка“. Речиси една четвртина од платниот промет се одвиваше преку Поштата, а по пропаста на Еуростандард, граѓаните беа принудени да плаќаат во банките за што се наплатуваа провизии за секоја комунална сметка или ПП уплатница и тоа само ако сте клиент на односната банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот