Халима Адем откри зошто решила да се повлече од модната индустрија: Чувствував голем притисок затоа што бев првиот модел со хиџаб

халима адем
Фото: EPA-EFE

Манекенката со муслиманско потекло, Халима Адем, која гордо носеше хиџаб на модните писти и на фотосесии, минатата година се повлече од модната индустрија. Неодамна, прозборе за тоа зошто решила да се повлече, пренесува „Тhe Guardian“.

Аден се откажа од својата кариера во ноември 2020 година, повикувајќи се на компромитираните верувања и истакна дека се чувствува како „малцинство во малцинство“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halima (@halima)

Халима неодамна рече дека кон крајот на нејзината манекенска кариера чувствувала дека изгубила контрола над нејзиниот идентитет.

„Последните две години имав доверба во тимот на снимањето да го стилизираат мојот хиџаб и тогаш наидов на проблеми“, вели таа, „како да ми ставаа фармерки на главата наместо обична шамија. Начинот на кој го стилизираа, ме оддалечуваше од себе. Мојот хиџаб постојано се намалуваше и стануваше сè помал и помал со секое наредно сликање“.

Халима Адем
Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Во 2016 година, Аден беше првата натпреварувачка со муслиманско потекло која беше целосно покриена на натпреварот за убавина Мис Минесота САД. Таа подоцна потпиша договор со „IMG Models“.

„Кога започнав, помислив: „Ова ќе отвори врати за многу девојки од мојата заедница“, вели Халима. „Никогаш порано не гледав девојки со хиџаб кога прелистував списанија, па да се биде тоа лице за другите девојки беше остварување на сонот. Но, последните две години од мојата кариера имав голем внатрешен конфликт“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halima (@halima)

Во нејзиниот договор како модел имало гаранција дека секогаш ќе има посебна соба за пресоблекување. Но, како што одминувало времето, работите се менувале.

„Бев на снимање со друга манекенка со муслиманско потекло и ми дадоа просторија за пресоблекување, а нејзе не. Тоа не ми се допаѓаше воопшто“, вели Халима.

Халима Адем
Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS

Аден вели дека луѓето во модната индустрија сметаат дека моделите се „лесни за експлоатација“, а модната индустрија, како што вели таа, може да биде многу експлоататорска.

Во 2019 година, Аден влезе во историјата со тоа што стана првиот модел што носел буркини, дизајниран од Томи Хилфигер и беше дел од кампањата за списанието „Sports Illustrated“.

„Беше толку неверојатно искуство кога ќе размислите за историјата на буркини“, вели таа. „Имаме луѓе што го забрануваат тоа на јавните плажи. Дадовме афирмација за буркини да се најде во „Sports Illustrated“. Ние ја протнавме иглата“.

И покрај тоа, таа вели дека целото искуство не било толку позитивно прифатено од широката јавност.

„Се чувствував како да одам по тенка линија“, вели таа. „Би ги вознемирила припадниците на муслиманската заедница. Слушав коментари од типот: „Овој буркини е премногу убав“ и „Зошто би се сликала за ваква публикација?“. Се чувствував како постојано да се обидувам да ги смирам моите муслимански обожаватели, но во исто време и да бидам многу модерна. Бидејќи помладите обожаватели ми порачуваа: „Ние сакаме да те видиме во нов изглед; сакаме да ја видиме твојата шамија [врзана] поинаку“.

Халима Адем
Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Аден вели дека со напуштање на модната индустрија се надева дека инспирирала помлади модели. „Ако направив нешто, тоа е што на моделите им дадов можност да проговорат“, вели таа. „Чувствував голем притисок затоа што бев првиот модел со хиџаб во индустријата и имав чувство на одговорност кон девојчињата што доаѓаа по мене“.

Халима Адем
Фото: EPA-EFE/RINGO CHIU

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот