Халили: Секоја земја треба да го трасира патот кон ЕУ согласно нејзините резултати

Мухамед Халили, Фото: Архива

Поранешниот амбасадор Мухамед Халили смета дека Македонија и Албанија треба поединечно да се тркаат за влез во ЕУ.

– Од формална гледна точка зачленувањето во ЕУ треба да оди според мерит системот. Германија и Франција инсистираат во пакет да одат Македонија и Албанија. Во последно време Бугарите се залагаат Албанија да оди сама ако ги исполни условите. Комесарот Вархељ во последната негова изјава на оваа тема рече дека Албанија ги исполнува условите за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ. Сметам дека секоја земја треба да го трасира патот кон ЕУ согласно нејзините резултати, изјави Халили за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот