Халили: Изгрaдбата на Коридорот 8 е од суштинско значење за цела држава, за компаниите и за граѓаните

Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на ЈП за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија”, Фестим Халили, денеска остварија работна средба со заменик министерот за транспорт на Албанија, Артан Шкрели и директорот на „Албански Железници”, Ани Дурмиши.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, на средбата се разговарше за железничкото поврзување на двете земји преку изградба на западниот дел на Коридорот 8.

Заменик министерот Реџепи, истакна дека земјава ги презема сите подготовки за почеток на изградба на пругата од Кичево до границата со Албанија, потенцирајќи дека Владата веќе донела одлука за отпочнување на постапка за изнаоѓање на финансиски средства за нејзина реализација.

– На една од седниците на Владата, донесена е одлука Министерството за финансии да започне постапка за изнаоѓање на средства за финансирање на изградба на оваа пруга кон Албанија. За нас како држава е многу важно да имаме комплетен Коридор 8. Железничкото поврзување кон Албанија е многу важно заради поголема трговска соработка како и излез на нашите компании на алтернативни пристаништа. Веќе се работи на изградба на пруга кон Република Бугарија, така што останува да се фокусираме на обезбедување на средства за западниот дел, изјави заменик министерот Реџепи.

Директорот на ЈП за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија” Фестим Халили истака подготвеност за почеток на изградбата.

– Верувам дека сега е време заедно да имаме договор затоа што мегународните финансиски институиции кои би го финасирале овој проект бараат да имаме заеднички пристап за изградба на пругата. Јавното претпријатие веќе има проект за изградба на пруга од Кичево до границата со Република Албанија. Во наредниот период во соработка со државните институции ќе работиме на обезбедување на средства. Денеска имавме одлична можност да ги информираме „Железници Албанија” за нашите намери и сметам дека во таа насока и двете железнички препријатија ќе работиме за да се поврземе. Изгрaдбата на Коридорот 8 е од суштинско значење за цела држава, за компаниите и за граѓаните, истакна  Халили.

Од албанска страна исто така, е изразенаа подготвеност за железничко поврзување меѓу двете земји, стои во соопштението.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот