Хали Бери во војна со „твитерџиите“: „И покрај сите ваши достигнувања, слава и убавина, се чини дека не можете да задржите еден маж покрај себе“

Profimedia
Фотографија: Profimedia

Актерката Хали Бери сподели фотографија на својот твитер – профил, на која стои дека жените не им должат ништо на мажите, а потоа беше погодена од бројни негативни коментари и критики од „твитерџиите“.

„Вели жена што не може да задржи маж“, напиша еден од „твитерџиите“, но Хали одговори брзо на неговиот коментар:

„Кој вели дека сакам да задржам погрешен човек? Затоа што … не сакам“, одговори актерката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Сепак, друг корисник на социјалната мрежа даде сличен коментар под објавата.

„И покрај сите ваши достигнувања, слава и убавина, се чини дека не можете да задржите еден маж покрај себе“, напиша тој.

Актерката одговори и на овој коментар:

„Кој рече дека сакам да ги задржам? Сакам да живеам убав живот. Ако направите погрешен чекор, поправете се, вратете се и почнете одново “, напиша Хали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Актерката беше во брак со бејзбол ѕвездата Дејвид Џастис од 1993 до 1997 година. По разводот, таа беше во врска со пејачот Ерик Бенет, во 2001 година. Сепак, нивната врска заврши во 2005 година, откако Ерик призна дека ја изневерил. Пос разделбата, Хали започна врска со моделот Габриел Обри со која ја доби ќерката Нала, но парот се раздели во 2010 година.

Хали потоа се омажи за актерот Оливие Мартинез во 2013 година, но се разведе три години подоцна. Со него го доби синот Мејс.

Во септември минатата година, таа откри дека во моментов е во врска со музичарот Ван Хант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот