Хали Бери открива: Мојот прв бакнеж беше со девојка

Profimedia
Фотографија: Profimedia

Оскаровката Хали Бери во седмата емисија од серијалот „Bad & Blooshy“ која ја снима со нејзината пријателка, модната стилистка Линдзи Флоренс, откри дека нејзиниот прв бакнеж бил со девојка.

Имав момче, се викаше ЛаШан Бојд и сакав да искусам француски бакнеж со него, па затоа побарав помош од мојата најдобра пријателка“, се присетува Бери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Таа дојде кај мене дома и се бакнувавме околу половина час. Буквално ми покажа што е француски бакнеж. Следната вечер го бакнав ЛаШон Бојд“, вели Хали. Кога Флоренс ја праша кој бакнеж бил подобар, актерката сепак кажа ЛаШон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Бери го одбележа Денот на вљубените објавувајќи видео на својот инстаграм-профил на кое заводливо танцува со своето момче, музичарот Ван Хант.

Веста за нивната романса се откри во септември, кога извор за списанието „People“ потврди дека се забавуваат неколку месеци и дека музичарот веќе ги запознал нејзиниот 7-годишен син Мацео-Робер и 12-годишната ќерка Нахла.

Отткогаш тие уживаат во меѓусебното друштво и веќе не ја кријат својата врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот