Халеп и Серена во полуфиналето на Вимблдон

Романката Симона Халеп и Серена Вилијамс останаа во трката за титулата на Вимблдон, откако беа успешни во четвртфиналните дуели.
Халеп во два сета со 7:6,6:1 ја елиминира кинеската тенисерка Шуај Женг и обезбеди пласман во полуфиналето.

Стартот на дуелот, лошо започна за седмата носителка, таа веднаш претрпе брејк и имаше негатива од 1:4 во првите пет гемови. Сепак, брзо успеа да се врати со серија од три гема во низа и потоа го однесе дуелот во тај брејкот.

Таму Халеп без проблеми триумфира со 7:4 за водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет, со серија од пет освоени гемови во низа дојде до убедливи 6:1 и пласман во полуфиналето каде ја очекува подобрата од дуелот помеѓу Елина Свитолина и Каролина Мучова.

Серена Вилијамс потешко од очечкувањата, со 2:1 во сетови и тоа 6:4,4:6,6:3, ја победи сонародничката Алисон Рист. Првиот сет во кој имаше дури пет брејка, и припадна на Вилијамс која со третото одземање на сервисот на Риск дојде до 6:4.

Во вториот сет, имаше само еден брејк и него го направи Риск во деветиот гем по што со сигурен сервис дојде до израмнување на 1:1 во сетови. Во одлучувачкиотсет, Серена Вилијамс направи брејк за 5:3 по што без проблеми го доби гемот на свој сервис за конечна победа од 2:1 во сетови и 12. Полуфинале на Вимблдон каде ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Џоана Конта и Барбора Стрицова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот