Халеп е првата финалистка на „Вимблдон“ (ВИДЕО) – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Халеп е првата финалистка на „Вимблдон“ (ВИДЕО)

Во првиот полуфинален дуел во женска конкуренција на грен слем турнирот „Вимблдон“, Романката Халеп славеше со 2:0 против Свитолина.

Седмата носителка Симона Халеп на денешната пресметка триумфираше по сетови 6:1 и 6:3 против украинската претставничка и осма носителка на турнирот, Елина Свитолина.

Халеп многу брзо за еден час и 13 минути игра ја оправда фаворитската улога на теренот во Лондон. Таа е првата тенисерка од Романија која успеала да обезбеди финале на „Вимблдон“.

– Ова е едно неверојатно чувство. Еден од најдобрите моменти во мојот живот – се зборовите на Халеп по завршувањето на мечот.

Првиот сет го освои убедливо со 6:1, а вториот иако со повеќе гемови заврши многу побрзо и тоа за половина час.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат 10 носителка Серена Вилијамс (САД) и Барбора Стрицова од Чешка, моментно на 54 позиција на ВТА ранг листата.

В петок се и полуфиналните дуели во машка конкуренција, мега пресметката Надал-Федерер, а првиот светски рекет Ѓоковиќ на мегдан со Баутиста-Агут.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close