Халанд сака титула во Борусија пред да си замине

Ерлинг Халанд/EPA-EFE/MARTIN MEISSNER

Суперталентираниот напаѓач Ерлинг Халанд порача дека планира да остане во Борусија Дормунд до крајот на договорот, потпчно до 2024 година.

Халанд во јануари годинава од Ред Бул премина во Борусија за 20 милиони евра и оттогаш на 18 натпревари постигна 16 гола.

Норвешкото чудо од дете беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот во зимскиот преоден рок, за него беа заинтересирани Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ, Јувентус, но тој одлучи да замине во Бундеслигата и во дресот на „милионерите“ постигнуваше гол на секои 82 минути.

– Имам повеќегодишен договор со Борусија, до 2024 година. Целта ми е да ја освојам титулата со мојот тим и тој фантастичен успех да го прославиме со нашите навивачи – изјави Халанд.

Борусија Дортмунд последен пат ја освои титулата во Бундеслигата во 2012 година, а оттогаш Баерн Минхен дури осум сезони по ред е шампион. „Милионерите“ оваа сезона ја завршија на второто место со 13 бода помалку од баварците.
– Имаме квалитет да бидеме шампиони. Баерн е константен и тоа е навистина импресивно. Мораме да продолжиме да се развиваме и во наредната сезона сакаме да бидеме подобри од минатата – додава Халанд за „Билд“,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот