Халанд откри зошто ги одби гигантите и потпиша за Борусија Дортмунд

твитер

Германскиот тим дефинитивно уште во јануари го направи трансферот на годината со ангажманот на најбараниот тинејџер, Ерлинг Халанд.

Борусија му плати на австрискиот шампион Салзбург само 20 милиони евра, плус дополнителни бонуси добија менаџерот Мино Рајола и таткото на фудбалерот.

Неверојатниот норвешки фудбалер оваа сезона на 22 натпревари постигна дури 28 голови со што ја залуде фудбалска Европа.

Главен фаворит за неговиот потпис беше Манчестер јунајтед кој во последен момент се откажа од трансферот бидејќи не сакаше на Рајола и на таткото на фудбалерот да им исплати процент од идната продажба, а голем интерес пројавија е гиганти како ПСЖ, Барселона, Јувентус, Реал Мадрид.

Но на големо изненадување, Халанд одлучи да потпише за Борусија Дортмунд.

Самиот фудбалер во разговор за клупскиот сајт открива дека негова беше одлуката да ја избере Борусија пред останатите екипи.

– Борусија беше многу директна, ми кажаа дека сакаат да ме ангажираат, дека им се допаѓа мојот стил на игра ии дека имам место во првиот тим. Почувствував добри вибрации, ми се допадна атмосферата околу клубот и затоа го одбрав Дортмунд. Сакам на навивачите да им покажам кој сум на теренот бидејќи не сакам многу да зборувам. Моите игри нека зборуваат за мене – изјави Халанд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот