Халанд на пат кон Манчестер

твитер

Медиумите во Австрија и во Норвешка пишивуваат дека трансфер е многу блиску до реализација и најверојатно во зимскиот преоден рок ќе се пресели во Прмеиер лигата.

Ерлинг Халанд е брилијантен во досегашниот дел од сезоната, на 22 натпревар за Салзбург постигна дури 28 голови со што ја залуде фудбалска Европа.

Иако италијанските медиуми тврдат дека кариерата ќе ја продолжи во Јувентус, се поизвесно е дека негова следна дестинација ќе биде „Олд трафорд“.

Норвешкиот „Афтенбладет“ тврди дека Ерлинг и неговиот татко денеска ќе отпатуваат во Манчестер на средба со менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот